Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шампионот го означи стартот на подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Шампионот го означи стартот на подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионот го означи стартот на подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометниот клуб Вардар денес ги стартуваше подготовките за новата сезона. На првиот тренинг се појавија сите играчи, кои во претстојната сезона ќе му бидат на располагање на Раул Гонзалес. Тука беа и 5-те нови засилувања, Македа, Деревен, Манасков, Марсениќ и Циндриќ. Сите играчи се здрави и го одржаа првиот тренинг. Единствено на попладневниот тренинг недостасуваше Страхиња Милиќ. Денес со екипата имаа можност да работат голманите Градимир Чаневски и младинецот Никола Кизиќ.