Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ: Најважно ни беше никој да не се повреди и сите да бидат здрави
Марсениќ: Најважно ни беше никој да не се повреди и сите да бидат здрави

Марсениќ: Најважно ни беше никој да не се повреди и сите да бидат здрави

Вардар со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Црвено-црните триумфираа против Нексе (29:25) и со 17 победи поставија нов рекорд во ова натпреварување. Без пораз го завршивме регуларниот дел од сезоната на првото место. После завршување на дуелот, Марсениќ истакна дека најважно е што никој не се повредил и што сите се здрави.

-Беше тежок натпревар, на кој најважно ни беше никој да не се повреди и сите да бидат здрави. Одбраната беше добра, имавме мали проблеми со нивниот пикер. Сепак на крајот победивме, а на екипата на Нексе сакам да им честитам за фер и коректната игра и да им посакам среќа во понатамошните настапи.