Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините за четвртфиналниот двомеч во ЛШ, помеѓу Вардар и Митјиланд
Познати термините за четвртфиналниот двомеч во ЛШ, помеѓу Вардар и Митјиланд

Познати термините за четвртфиналниот двомеч во ЛШ, помеѓу Вардар и Митјиланд

Познати се термините на одигрување за четвртфиналниот двомеч на ЖРК Вардар во дуелот со Митјиланд. ЕХФ ги потврди термините, кога ќе бидат одиграни двата натпревари. Првиот дуел, на кој Митјиланд е домаќин, ќе се одигра на 6-ти април со почеток од 19 часот, додека осум дена подоцна, или на 14-ти април е закажан реваншот за во С.Ц. Јане Сандански (17:00 часот). Таа недела, Скопје и С.Ц. Јане Сандански ќе биде центар на ракометот, со оглед дека од 13-15-ти април е закажан завршниот турнир во СЕХА-лигата, односно на 13-ти се играат полуфиналните мечеви, додека на 15-ти април на програмата е големото финале. Меѓувремено како што погоре напоменавме и вардарки во истава сала ќе го одиграат реванш мечот во ЛШ, против претставникот од Данска.

Вардар е во потрага по своето петто последователно учество на завршните турнири во Будумпешта, а се надеваме дека ова ќе биде и среќна година за црвено-црните да стигнат до првата Европска титула.