Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Андов и Митревски со повик за У17, селекција која ќе се борат за пласман на ЕП во Англија
Андов и Митревски  со повик за  У17, селекција  која ќе се борат за пласман на ЕП во Англија

Андов и Митревски со повик за У17, селекција која ќе се борат за пласман на ЕП во Англија

Македонската репрезентација до 17 години в недела ги започнува подготовките за Елитната квалификациска рунда за пласман на Европското фудбалско првенство кое ќе се игра  во Англија. Селекторот на Македонија, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир од 21. до 27. март во Полска ќе смета на двајца фудбалери од фудбалскиот клуб Вардар.

Станува збор за голманот Матеј Андов и Божидар Митревски кој е повикан да конкурира за место во одбраната на оваа црвено-жолта селекција. Македонија до 17 години првиот натпревар го игра на 21. март против Р. Ирска, на 24. март се соочуваме со Полска, а последниот дуел ќе го одиграме против Грузија.