Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки денес го пречекуваат ЖРК Пелисер во дуел од женската лига
Вардарки денес го пречекуваат ЖРК Пелисер во дуел од женската лига

Вардарки денес го пречекуваат ЖРК Пелисер во дуел од женската лига

Девојките на Дибирова денес играат нов дуел од домашната, женска Супер лига. Во истиот тие се домаќинки на екипата од градот Битола, тимот на ЖРК Пелистер. Ова е натпревар 19.коло во лигата, нашите девојки по 18.кола имаат максимални 54 бода и позитивна гол разлика од над 550 голови.

Тимот на зелено-белите зад нашиот тим заостанува 20 бода на табелата и има меч помалку. Дуелот се игра денес, среда со почеток во 17-00 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Како и на сите дуели прашање кое е отворено е колкава ќе биде победата на вардарки, тие во последните четири меча сите победи им се со постигнати над педесет голови во мрежата на ривалите од единствената женска ракометна конкуренција во земјава.