Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ за Вардар Фанс: Нема никаква пречка, која може да не задржи кон остварување на нашата главна цел
Марсениќ за Вардар Фанс: Нема никаква пречка, која може да не задржи кон остварување на нашата главна цел

Марсениќ за Вардар Фанс: Нема никаква пречка, која може да не задржи кон остварување на нашата главна цел

Победник на првото издание на “Вардар турнирот“ е токму нашиот ракометен шампион. Во периодот од 24-27 август, С.Ц. Јане Сандански беше домаќин на меѓународен ракометен турнир, на кој учествуваа шест екипи. Вардарци во финалето беа подобри од Кристијанштад, совладувајќи ги со резултат 32:24. Претходно во групата забележаа исто така две убедливи победи. На првиот меч против Нексе (36:26) и Чеховски Медведи (40:32). Новото засилување на пикерската позиција, џинот Марсениќ е задоволен од прикажаната игра на тимот на целокупниот турнир.

-Задоволен сум од победата во финалето и среќен што го освоивме турнирот. Екипата играше добро во целиот подготвителен турнир, особено на последните три натпревари. Единствено против Чеховски Медведи во првото полувреме одигравме променливо, каде примивме многу лесни голови. Сепак во вториот дел, нашиот квалитет дојде до израз и на овој финален меч покажавме дека сме права екипа.

-Припремите завршија, сега Вардар го очекуваат настапи во сеха и лигата на шампиони. Веќе во среда играме против Војводина на домашен терен. Сезоната во ЛШ ја отвараме на 20 септември против Монпелје во Франција. Очекувањата за оваа сезона се да одиме едно скалило погоре од минатата во ЛШ.

-Убеден сум дека можеме до завршниот турнир во Келн. Имаме 18 квалитетни играчи, кои можат сите подеднакво да играат. Само така можеме да направиме добар резултат. Имаме добар тренер и одлична соработка во целиот тим. Нема никаква пречка, која може да не задржи кон остварување на нашата главна цел оваа сезона, изјави Марсениќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски