Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Започнува женскиот дел од турнирот, Вардарки отвараат против Лајпциг
Започнува женскиот дел од турнирот, Вардарки отвараат против Лајпциг

Започнува женскиот дел од турнирот, Вардарки отвараат против Лајпциг

Во наредниве денови С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на уште еден силен меѓународен ракометен турнир. После машкиот на кој првото место го освои Рк Вардар, од денес започнува женскиот дел од “Вардар турнирот“. На него ќе учествуваат шест силни европски екипи, од кои дури пет оваа сезона ќе играат во лигата на Шампионите.

Вардарки се во група заедно со екипите на Лајпциг (Германија) и Подравка (Хрватска). Другата група ја сочинуваат Евроспкиот првак-Будуќност, Ростов Дон и Савехоф. Првиот натпревар е на програмата од 18 часот, кога на теренот ќе излезат Будуќност и Ростов Дон. Веднаш после нив, ќе се одигра и вториот натпревар, помеѓу нашиот шампион и Лајпциг. Противник кој ни е добро познат од минатата сезона, со кој игравме во втората групна фаза. Тогаш по една победа им припадна на двете екипи. Во Германија противникот забележа триумф од 26:23, во Скопје црвено-црните вратија со поубедлив триумф од 26:20.

Оваа година ќе немаме можност да ги гледаме во најсилното натпреварување, поради слабиот пласман во своето првенство. Во сезоната 204/2015 завршија дури како петтопласирани, доволно само за учество во ЕХФ купот. Пред да пристигнат во Скопје одиграа два пријателски натпревари и на двата забележаа триумфи. Беше совладан Баник Мост од Чешка (32:29) и тимот на Сахсен кој доаѓа од втората лига ( 31:23). Нивнииот најопасен играч Каролина Кудлач остана во екипата и за новата сезона. Минатата ја заврши со 84 гола во ЛШ, но нејзиниот тим не успеа да обезбеди пласман во 1/4 рунда.

За Жрк Вардар ова е втор силен турнир, после оној на “Букурешт трофеј“ ,каде го освои третото место. Се надеваме дека домашниот терен и публика ќе им биде дополнителен мотив да го извадат најдоброто од себе и да прикажат добри игри. Питлик и Кастратовиќ може да сметаат на сите ракометарки за овој турнир. Билетот за овој натпревар ќе чини само 75 денари, доколку пристигнете пред билетара после 19 часот. Не пропуштајте да го проследите секој меч на девојките во Јане Сандански.