Денес се игра 5 коло од ПМФЛ. Противник на нашиот шампион е штипска Брегалница. Во минатото Брегалница знаел многу да го ”измачи” Вардар, посебно на домашен терен, На последните 5 официјални натпревари на овие две екипи, Вардар има само две победи, додека пак останатите три натпревари завршиле без победник. Вардар има една добра серија против Брегалница, нема пораз од 2010 година, но има многу нерешени резултати. Последен пат кога играле овие две екипи, на 04.04.15 резултатот заврши со 0:0, пред тој дуел нашиот тим победил пред своите гледачи со 1:0
Последен пат Брегалница го совладала Вардар на 16.10.2010 година,
Фото: fkvardar.mk