Максимални 6 бодови по првите две првенствени кола за кадетите на Фк Вардар. Денес на теренот на локомотива, оваа генерација забележа триумф против Победа од Прилеп. Конечниот резултат беше 3:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа Јакуп Бериша, Дамјан Петревски и Дејан Маркоски.
Црвено-црните беа далеку подобар противник денес и сосема заслужено ги однесоа трите бода од овој дуел. Избраниците на Влатко Колев почнаа офанзивно уште од почетокот на натпреварот, доминацијата брзо вроди до резултат. Најпрво Бериша, а потоа и Петревски го донесоа својот тим во значајна предност од 2:о. До крјот на првиот дел, гостите успеаа да намалат и на одмор да се замине со минимални 2:1.
Топлото време ги отежнуваше условите за игра, но тоа не ги спречи нашите надежи да продолжат во исти ритам од првиот дел. Во второто полувреме печат на вториот триумф оваа сезона, стави капитенот Дејан Маркоски. За одбележување на овој дуел се шансите на Дамјан Менкиноски кој на два пати беше во одлична позиција за постигнување гол, но противничкиот голман беше поуспешен. Со максимален учинок од 6 бодови, кадетите ќе го дочекаат третото коло во лигата. Во првото коло беавме пдобри на гостински терен од градскиот ривал Работнички. Одличен старт на сезоната за оваа генерација, кој ќе им биде дополнителен мотив и поттик за следните мечеви.