Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар, сигурни против Победа од Прилеп
Младинците на Фк Вардар, сигурни против Победа од Прилеп

Младинците на Фк Вардар, сигурни против Победа од Прилеп

По ремито во градското дерби со екипата на Работнички, младинците на Фк Вардар ја забележаа првата победа во новата сезона. Во второто коло на домашен терен беше остварен триумф против Победа од Припеп, со резултат 3:0. Јасир Беќири, Виктор Димков и Ердон Даци, погодија за Вардар на овој меч.

Немаше дилема за тоа кој ќе биде победник на овој дуел. Освен постигнатите три голови, младинците на Вардар имаа уште неколку одлични прилики за погодок. Гостите од Прилеп по првото полувреме имаа само негатива од еден гол, што им даваше некаква надеж дека можат да направат нешто повеќе.

Сепак во второто полувреме погоди Димков за 2:0, а потоа и Даци за високи 3:0 што беше и конечен резултат. Ако повеќе беа умешни во завршницата, избраниците на Љупчо Марковски можеа да забележат и поубедлива победа. Јасир Беќири имаше можност за втор погодок, откако промаши речиси празен гол. За одбележување е и неговиот удар со глава, покрај голот на противникот. Виктор Димков исто така имаше уште две две одлични гол шанси, од кои едната беше речиси зицер. Во прилика да се запише во листата на стрелци се најде и Теодор Димитровски, кој не ја искористи.