Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Димов: Не очекува тежок и неизвесен натпревар.
Мартин Димов: Не очекува тежок и неизвесен натпревар.

Мартин Димов: Не очекува тежок и неизвесен натпревар.

Во петок стартува вториот дел од сезоната за кадетите на Рк Вардар, и тоа во дуел токму против екипата на Металург. Ова ќе биде решавачкиот меч, кој најверојатно и ќе го одлучи во голема мера шампионот за оваа сезона во оваа категорија.

-Според мене ова ќе биде одлучувачкиот дуел за титулата. Исто така не очекува пред се тежок и неизвесен натпревар. Со оглед дека го знаеме противникот, ние се подготвувавме секојдневно за овој дуел како физички така и психички. Ги согледавме нашите грешки од минатиот натпревар, и спремни сме истите да ги поправиме и да изиграме на највисоко ниво. Атмосферата во екипата е фантастична. Сите со нетрпение го очекуваме петочниот дуел и се надеваме на најдоброто, ни изјави членот на Рк Вардар Мартин Димов за нашиот сајт.

Натпреварот ќе се одигра во петок со почеток од 19:30, во салата во Автокоманда.

Звонко Ивановски