За жал она што се збореше во Ракометните кулуари денес го потврди и најреномираниот Балкански ракометен сајт “balkan-handball.com/“ . Немања Прибак има двегодишен договор со Турскиот ракометен шампион Бешикташ . Големата желба на Комити иницијативите по социјалните мрежи кој иде под хаштагот . #прибакдаостане за жал се залудни.
Бешикташ годинава играше во групната фаза од европската Лига на ракометни Шампиони . Турците сериозно инвестираат во ракометов во последно време, така да играч како Прибак беше одлична можност да ги засили . Комити ќе имаат шанса да го гледат во Јане Сандански Прибак во СЕХА лига, каде догодина најверојатно ќе биде член и Бешикташ .