Вардар утре го очекува меч од регионалната СЕХА-лига со тимот кој доаѓа од нашиот северен сосед Раднички . Вардарци идат како апсолутни фаворити во овој меч со последно пласираната екипа од лигата. Се очекува тренерот Раул да настапи со комбиниран состав на овој меч. За овој меч има најавен термин во 19-00 часот, преку стрим на SEHA- Gazprom South Stream League .
Иако сите сме под импресии од блескавата победа над Рајн- Некар и извлекувањето на 1/8 финалниот противник Висла, на Вардар му останува да го “доработи’’ финишот во Сеха . Вардар е сигурен учесник на завршниот Ф4 турнир за кој е еден од апликантите за негов организатор . Турнејата на РК Вардар продолжува, бидејќи следниот меч Црвено-Црните го играт во сабота со тимот на Татран Прешов . Од ово мечј директен пренос ќе може да погледнете на МТВ (собраниски), со почеток во 18-00 часот . Последниот меч во СЕХА регуларниот дел е закажан за 7 март во Скопје кога Вардар го пречекува должникот Веспрем, кој ни нанесе три пораза од исто толку меча два во ЛШ и еден нагости во СЕХА Лигата .