Во рамките на 18-то коло во ПМФЛ, нашиот Вардар ќе му гостува на Кратовски Силекс. Вардар важи за апсолутен фаворит на оваа пресметка. Вардар низ изминатите години има одличен биланс против овој противник. На последните 5 средби, Вардарци има четири победи, и една нерешена средба.
На 28-септември оваа сезона Вардарци пред домашната публика го победија Силекс со 2:0 со головите на Филип Петковски, и Хофханес Хамбарџумјан.
Во 2013 година шампионската генерација на Вардар го победи Силекс со 2:1 со головите на Хименес и Борче Маневски.
(2012) Вардар – Силекс 5:0
(2012) Силекс – Вардар 0:0
(2012) Силекс – Вардар 1:2