Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Вардар го “разнесе“ и Рајн-Некар , со помош на КОМИТИ
Вардар го “разнесе“ и Рајн-Некар , со помош на КОМИТИ

Вардар го “разнесе“ и Рајн-Некар , со помош на КОМИТИ

Четврта победа во лигата на шампионите, од исто толку одиграни мечеви за нашиот шампион. Натпреварот започна со голот на Дибиров од седум метри. Следува период на израмнета игра на двете страни, Вардарци ја држат предноста во своја корист која не надминува повеќе од еден гол разлика. Во 10 минута се случи една непријатна ситуација, дојде до повреда на Деревен кој мораше да излезе од теренот. На теренот се водеше борба за секоја топка, гледавме многу цврст ракомет. Конечно следува серија од 3:0 за црвено-црните за предност од 8:5. Штербик повторно е на ниво, какво што посакуваме. Благодарение на неговите интервенции и головите на Душебаев се одлепуваме од противникот. Рајн-Некар враќа во ист стил, постигнувајќи три голови во серија, за израмнување на резулататот на 8:8. Организаторот на играта на бундес-лигашот повторно го враќа мечот од почеток. До крајот на првото полувреме, успеавме сепак да заминеме со предност од еден гол разлика 11:10. Горбок беше стрелец на последниот наш гол во првиот дел. На денешниот натпревар се вратија на трибината најверните Комити, кои му даваа голема поддршка на својот миленик.

Вториот дел започнува со погодокот на Ларсен кој го израмнува резултатот. Дибиров влегува во свое препознатливо шоу, за повторно да ја вратиме предноста од еден гол 13:12. Шпанскиот репрезентативец во редовите на Рајн-некар Баена го израмнува резултатот на 15:15. Станува побучно во салата, тешко им одеше на германците да играат под таков притисок. По подолго време, нашиот шампион успева да има два гола позитива за водство од 18:16 во 43 минута од дуелот. Ангелов го заменува на голот Штербик, кој почнува да прави чуда на голот. По еден гол во продолжението на двете страни, Диви денес брилијантен на голот цела публика ја поздравува неговата 7-ма инервенција во 50сетата минута од мечот, а веќе во следниот напад на гостите цела сала во транс Диви брани по 8-ми пат. За жал интервенциите на Ангелов во нападот не ги валоризираме промашуваме неколку напада, а Рајн Некар намалува на 19-18 на 7 и пол минути до крај. Алем со својот 4ти гол ја враќа два позитивата на семафорот е во 24 минута 20:18. Во следниот напад во кој сме со играч повеќе стрела Циндриќ за 21:18. На нашиот гол имаме расположен голман Диви брани по 9-ти пат,а тоа го користи Душебаев за да зголеми на 22-18 . Во салата Комити грмат “АУУ фридезен..“ . Душебаев зголемува со неговиот 6-ти гол на 23:18 на само 2 минути до крајот.  Докрај црвено-црните  стрелаа два пати , а Диви пак одбрани резултатот на крајот беше 25:19. Крај на мечот 4 од 4 за Вардар во Лигата на Шампионите.

На крајот од дуелот најдобри стрелци во нашиот тим се : Душебаев со 7 погодока  и Дибирав 6 гола.