Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Благодарам на Комити за поддршката – Гозналез: Со помошта на Ангелов успеавме да го скршиме резултатот
Циндриќ: Благодарам на Комити за поддршката – Гозналез: Со помошта на Ангелов успеавме да го скршиме резултатот

Циндриќ: Благодарам на Комити за поддршката – Гозналез: Со помошта на Ангелов успеавме да го скршиме резултатот

Вардарци ја забележаа четвртата победа во Лигата на шампионите. Во СЦ. Јане Сандански, беа подобри од германскиот вицепрвак, екипатана на Рајн – Некар. После ова коло, Вардар е единствениот тим кој не е поразен во најголемото натпреварување. На прес конференцијата по натпреварот со Рајн – Некар, своите задоволства од победата ги истакна тренерот на РК Вардар Раул Гонзалез, и играчот Лука Циндриќ.

- Честитки за Рајн – Некар, за силниот отпор кој ни го пружија. Ние денес одигравме добар натпревар, против квалитетна екипа. Имаат одличен тренер и им посакувам се најдобро во понатамошниот дел. Во првото полувреме не игравме како што посакувавме, нивниот играч Ларсен беше расположен за игра. Во второто полувреме се прикажавме во вистинско светло, успејавме да ги спречиме нивните контра напади со помошта на Ангелов успејавме да го скршиме резултатот во наша корист и да се одалечиме на +4 разлика, што на крајот се покажа како пресуден. Само пофални зборови и честитки за моите играчи, изјави Гонзалез.

- Најпрво да му честита на Рајн – Некар за добриот натпревар. Знаевме дека не чека тврд и тежок меч. На почетокот не одигравме добро, но со промена на одбраната во 5-1 успеавме да донесеме висока предност. Благодариме на Комити за поддршката. Имаме 8 бода после 4 натпревари, што е нај важно. Сега мислите се насочени кон следниот натпревар во Лигата на шампиноите, рече Циндриќ.