Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > Тоскиќ за Вардар фанс: Полесно е кога на трибината ги имаме Комити
Тоскиќ за Вардар фанс: Полесно е кога на трибината ги имаме Комити

Тоскиќ за Вардар фанс: Полесно е кога на трибината ги имаме Комити

Вечерва Вардар и четврти пат победи во ЕХФ Лигата на Шампионите.  Тежок меч се играше во Јане Сандански. Германскиот вице-првак долго време се држеше, но сепак нашиот црвено-црн шампион ја покажа својата сила кога беше најмногу потребно. Во отсуство на Стоилов, најголем товар понесе  Алем Тоскиќ на пикерската позиција.

Задоволен сум од вечерашната победа и освојувањето на новите два бода. Ние сме единствената екипа во ЕХФ Лигата на шампионите која се уште не знае за пораз. Знаевме дека не очекуваше еден тежок натпревар. Добро се подготвивиме и ако немавме многу време, поради овој ритам на мечеви во ЛШ и СЕХА-лигата. Сепак  дадовме  се од себе и на крајот сосема заслужено победивме.

На денешниот меч повторно најверните навивачи на црвено – црните беа присутни во С.Ц Јане Сандански, тие со своето навивање ги бодреа своите миленци кон нов голем триумф.

 Полесно е кога на трибината ги имаме Комити. Во ваква сала и атмосфера секого можеме да го совладаме. Се надевам дека и понатаму ќе ја имаме нивната голема поддршка. Ние за тоа ќе се одолжиме со добри игри и резултати- изјави Алем Тоскиќ за Вардар фанс.

Звонко Ивановски