Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов и Опш. Кисела Вода остварија триумф во “Јуниор“ лигата
РК Бисинов и Опш. Кисела Вода остварија триумф во “Јуниор“ лигата

РК Бисинов и Опш. Кисела Вода остварија триумф во “Јуниор“ лигата

На натпреварот помеѓу екипите на РК Илинден и РК Бисинов во машка конкуренција, подобар беше тимот од Велес. Инаку ова беше меч за генерација родени 2002/03 година. Се играат две полувремиња по 20 минути.

РК Бисинов имаше водство во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено се радуваше на победата.Првиот погодок Илинден го постигна во 6 минута за намалување на 1:2. Ниту тајм-аутот на тренерот на Илинден Дарко Јанев не донесе промена во играта на неовиот тим. На средината на првиот дел РК бисинов имаше водство од 1:5. Илинден успеаа за кратко да ја намали негативата на 3:7. На полувреме се замина со водство на Бисинов од 4:9,

Второто полувреме започна со гол исто така на Бисинов за највисоки 4:10. Оваа предност од шест голови позитива Бисинова ја одржуваше до 32 минута, кога резулататот на семафарот гласеше 8:14. РК илинден ја подобри својата игра, што резултираше со два гола во серија за намалување на 10:14. Сепак немаше време за нешто повеќе да се стори на овој меч. Конечниот резултат гласеше 12:15.

На натпреварот помеѓу екипите на Опш.Кисела Вода и Академија-1 во машка конкуренција, подобар беше тимот од Кисела Вода. Ова беше меч за генерација родени 2002/03 година, две полувремиња се играа во времетраење од 20 минути.

Опш.Кисела Вода беше доминантна екипа во текот на целиот меч. Екипата од Кисела Вода поведен во почетните минути од првиот дел со убедливи 0-5, тие играа сигурна одбрана а во нападот беа сигурни. Академија го даде првиот гол и намали на 1-5 со што се вратиа надежите дека може да направи нешто повеќе и да се врати во мечот, но напротив доби нова лекција од ракометарите на Опш.Кисела Вода. Тие повторно одиграа фантастична одбрана имаа одличен напад и контра-напад и со нова серија о-6 дојдоа до двоцифрена предност од 1-11. Во последните минути од првиот дел двете екипи погодиа по двапати во двете мрежи и на пауза се замина со резулат 3-13.

Вториот дел први со погодок го отворија момците од Кисела Вода по што веднаш следеше погодок на младите ракометари на Академија-1. Во воведните десетина минути се играше игра гол за гол на двете страни се постигнаа по четири гола и предноста остана на 10 погодока, резулатот на семафорот беше 7-17.  Ракометерите на Опш.Кисела Вода во заиграа поангажирано и го  зголемиа водството во следните минути на 12 гола предност , резултатот  беше 8-20. Во последната четвртина од вториот дел беше само рутина како мечот ќе го доведат играчите од Кисела Вода до крај и тие рутински ги одиграа овие минути, крајниот резулат со кај заврши овој меч беше 9:22.