Денеска се одигра ново коло од Детска лига. ФК Вардар ”2006” предводена од Игор Кралевски забележа победа и нерешен резултат. ФК Вардар (1) одигра реми 1-1 против Работнички. Натпреварот започна со иницијатива на нашиот тим, во првите пет минути Вардар имаше две шанси да го отвoри резултатот. Потоа Давид Гoлубов изведе еден слободен удар, силно биеше, но топката удри во пречката на Работнички, штета ова ќе беше одличен погодок. На крајот на првиот дел Работнички ја имаше единствената шанса од слободен удар, но голманот на Вардар Андреј Данстак одлично го скороти ударот, на полувреме беше 0-0. Во вториот дел Давид Голубов постигна гол за Вардар, со полу лоб удар го матираше голманот на Работнички за 1-0. Следуваше и голот на Работнички буквално во последните секунди од натпреварот. Еден наш играч беше фаулиран на нашата половина, судијата чудно не се огласи, а Работнички го искористи овој поклон за 1:1. Со овој резултат и заврши натпреварот.
ФК Вардар (2) на убедлив начин го победи Работнички со 3-0. Вардарци започнаа убедливо шансите се редеа пред голот на Работнички. Каков погодок постигна Милош Спасовски! Биеше силно од слободен удар, голманот на Работнички не ја ни виде оваа топка, феноменален гол за 1-0. Во вториот дел Вардар играше уште по убав фудбал. Стефан Колоски се закани повеќе пати, и во третиот обид го матираше голманот на Работнички за 2-0 за ФК Вардар. Потоа Вардарци тргнаа и по трет погодок, една грешка направија играчите на Работнички, тоа успешно го искористи Михаил Николов за убедливи 3-0. Со овој резултат и заврши натпреварот.