Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар незнае за пораз оваа пролет, совладан и Металург!
Вардар незнае за пораз оваа пролет, совладан и Металург!

Вардар незнае за пораз оваа пролет, совладан и Металург!

Вардарци забележаа нова победа оваа пролет. Денеска на Арената Филип II совладан беше последно пласираниот тим на ФК Металург со резултат 2-1 (1-0) Гоце Седлоски на овој натпревар ги измеша малку картите. Почетниот состав на ФК Вардар за денеска беше: 90. Гачевски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 22. Филип Ивановски, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ. На клупата за резерви беа: 1. Кобетиќ, 10. Дашјан, 11. Асани, 14. Велковски, 18. Ќеран, 21. Новак, 32. Глишиќ.

Вардар во првиот дел ја имаше апсолутно доминацијата на теренот. Гостинот речиси и да не шутна во првиот дел. Вардарци во првите 15 минути ја држеа топката во свој посед, и чекаа некоја добра прилика да го загрозат голот на Илиќ. Во 24 минута Попов се најде во шанса, биеше со глава но неговиот удар го одбрани голманот на Металург, но потоа топката се одби до играч на гостите кои играше со рака, а судијата досуди пенал за Вардар. 26′ Дамир Којашевиќ ја зеде топката, биеше на десната страна, и успешно го совлада голманот на Металург за 1-0. Потоа Вардар имаше уште една одлична шанса за гол, по еден слободен удар нашите играчи убаво изведоа една акција, топката дојде до Грнчаров кој од 5 метри биеше со глава но голманот на Металург одбрани. На полувреме резултатот беше 1-0.

Започна и вториот дел. Прва замена во Вардар, влезе во 46 минута Глишиќ на местото на Љамчевски.  Во 55′ влезе во игра и Ќеран на местото на Стефан Спировски. 57′ Попов нафрли, Ивановски биеше од 10-тина метри со глава, но покрај голот, одлична шанса за Вардар да ја зголеми предноста. Во 62′ Попов се обиде од слободен удар од голема далечина, но поземја млако биеше, а голманот на Металург бес посериозни проблеми ја скроти оваа топка. 64′ се обиде и Хамбарџумјан, но над голот на голманот на Металург. Глишиќ во контра напад, но блокиран неговиот обид за додавање во шеснаесетникот на Металург. Потоа корнер изведе Глишиќ, биеше со глава Којашевиќ но над голот на гостите. Удар на Глишиќ во 66′ но за малку крај голот. Голема грешка на Гачевски, од никаква игра Металург стигнува до 1-1. Во игра влезе и Дашјан на местото на Којашевиќ. Гооол за Вардар! Попов изведе аут во шеснаесетникот на гостите, Ќеран феноменално се снајде во шеснаесетникот на Металург и постигнува гол за 2-1. Удар и на Николов но брани голманот на гостите. Крај на натпреварот победа и три бода за ФК Вардар.