Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Гонзалес: Не очекува тежок тест против Веспрем

Стоилов и Гонзалес: Не очекува тежок тест против Веспрем

Денес се оддржа стандардната прес-конференција на црвено-црниот машки ракометен колектив пред домашен дуел во регионалната СЕХА Гаспром лига. На истата за утрешниот дуел со Веспрем шефот на стручниот штаб на РК Вардар шпанецот Раул Гонзалес изјави:

Играме трето коло во СЕХА Газпром лигата против Веспрем, моќен тим, и тие според мене ја имаат најдобрата одбрана во свет, имаат крупни и умни играчи кои играат брзо, а исто така тука се големи имиња како Палмарсон, Чема, Наѓ. Тоа е силен состав кој ќе биде наш вистински испит. Ова ќе биде многу добар тест за нас, треба да се подготвиме добро ако сакаме повеќе. Јас имам доверба во момците. Не знам со каков состав ќе се појавиме утре поради повредите, Македа се уште не е подготвен 100 отсто, исто така имаме проблеми и со некои други ракометари кои ќе диктираат каков ќе биде утрешниот состав.

Нашиот Стојанче Стоилов  капитенот  на ракометниот машки колектив Вардар го искажа својот став за дерби пресметката со унгарскиот шампион, тој за овој утрешен силен меч во СЕХА регионалната лига изјави:

Играме со наши стари должници. Минатата сезона изгубивме во финалето од нив. Првите две кола не беа нашето лице вистинско, затоа треба да се подобриме во одбрана и напад. Имаме тежок тест против Веспрем, една од најдобарата екипа во светот. Мораме да го прикажеме тоа што го тренинраме на теренот и да го дадеме својот максимум