Во текот на вчерашниот ден во спортско рекреативниот центар “Кале“ избраниците на Зоран Петковски-Зенга одиграа контролен дуел со екипата на МРК Куманово која доаѓа од истоимениот град. Екипата на РК Вардар 2 мечот со кумановчани го добија со двоцифрена разлика односно со десет гола предност 30:20, уште по крајот на првите триесет минути се насетуваше нашата висока победа кога на одмор заминавме со 17:7. Во составот за овој меч недостасуваа Никола Стоилевски и Андреј Петковски. Вардарци функционираа добро во сите прави на играта, освен во реализација на завршните удари од чисти зицер удари, пенали, кои во лигата би не чинеле и губење на бодови. Солидна партија на овој дуел пружи младиот Чакалиќ, како и голмансокото трио Брауновиќ, Стојов и Трпевски. Ова е уште една контролка пред почетокот на натпреварите во Првата Лига во која овој наш трет сениорски машки црвено-црн колектив се натпреварува, во истата лани бевме второпласирана екипа и одигравме бараж-дуел за влез во суперлигашкото друштво каде се РК Вардар и Вардар Јуниор.