Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Заморот ги стигна кадетите на Вардар, пораз во битката за “бронза“ од Урбанскејп Лока

Заморот ги стигна кадетите на Вардар, пораз во битката за “бронза“ од Урбанскејп Лока

На турнирот во БиX денес кадетите на РК Вардар одигаа меч за “бронза“,  тие се се сретнаа со екипата на Урбанскејп Лока. За жал заморот ги стигна момците на Чивлачки и Грчевски тие во овој дуел беа поразени со 23-15 (13-6 ) и завршија како четврти на овој турнир.

a

Први со гол мечот го отворија играчите на Урбанскејп Лока кои поведоа 1-0, ние изедначивме на 1-1 веднаш преку  Давид Олтовски. Противникот со серија 4-0 потоа ни се одлепи на 5-1 и најави победа на овој натпревар. Нашиот противник мечот го реши по 12 минути кога поведе со “плус десет“ односно 13-3. По овој момент до крајот на првите 20 минути се играше гол за гол нашите момци колку толку воспоставија рамнотежа на овој дуел. На одмор се замина со резултат 13-6 во корис на екипата на Урбанскејп Лока.

a2 a3

Вториот дел го отворивме ние преку Ален Ќосевски која во првата минута намали на 13-7.  Потоа играчите на Урбанскејп Лока направија серија 3-0 и поведоа со 16-7, ние вративме со иста таква серија 0-3 и намаливме на  16-10 во во 7 минута од вториот период од овој кадетски дуел за “бронза“.  Докрајот се играше игра гол за гол на двете страни заморот не дозволи на кадетите на РК Вардар да се обидат да дојдат до поволен резултат. Тие денес забележаа два порази и се пласираа на четвртото место на овој силен турнир. Во претходните два дена во групната фаза тие имаа два триумфа и еден реми исход. Кај нас Александар Нанов беше прв стрелец  со 5 постигнати гола, додека Ален Ќосевски постигна три гола за црвено-црниот кадетски состав денес.