Денес се одиграа финалните мечеви на завршниот турнир во Јуниор лигата. На програмата беа мечевите кај генерацијата родени 2000 и 2001 година во машка и женска конкуренција. Медалите и пехарите ги доделија ѕвездите на ЖРК Вардар руските интернационалки Хмирова и Суслина. На голема радост на младите вардарци тие ги “крунисаа“ медалистите во Јуниор Лигата. Кај момците и девојките шампиони беа РК Филип Вардар. Кај момците “сребрени“ беа Гостивар, а третто место беа К.Вода. Кај девојките втори беа Карпош, а Виница беа “бронзени“.
Home > ЖРК Вардар > (Фотогалерија) Хмирова и Суслина ги “крунисаа“ медалистите во Јуниор Лигата кај генер.2000/01