Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Натпревари за младинските ракометни категории на Вардар
Натпревари за младинските ракометни категории на Вардар

Натпревари за младинските ракометни категории на Вардар

Денес своите натпревари од вториот дел на сезоната во младинските ракометни категории, ги започнуваат кадетките на ракометниот клуб Вардар. Со почеток од 18 часот во салата во Автокоманда ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Металург. Вардар Јуниор својот прв пролетен меч ќе го одигра во недела во Струга, против екипата на Стружанка. Дуелот ќе започне од 13:30 часот.

Пионерките на РК Вардар исто така започнуваат со мечеви, прв противник за избраничките на Драгана Ристова Пецевска ќе биде тимот на Овче Поле. Мечот ќе се одигра во сабота во спортскиот ракометен центар Кале, со почеток од 10:00 часот. После победата на гостувањето во Чаир, против истоимената екипа, младинките на РК Вардар имаат ново гостување во Кичево. Мечот со РК Кичево 10 ќе биде одигран во недела со почеток од 12:00 часот.

Започнува вториот дел од сезоната и за кадетите на РК Вардар, кој најверојатно со службен резултат ќе го добијат натпреварот со екипата на ГРК Борец. Дуелот требаше да се одигра во недела на Кале. Својот втор пролетен натпревар ќе го играат и пионерите на РК Вардар. Противник е екипата на Аеродром, дуел кој ќе се одигра во сабота.