Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Утре започнува со реализација мега проект на Вардар, зимскиот турнир „Една љубов – еден живот“ (распоред)
Утре започнува со реализација мега проект на Вардар, зимскиот турнир „Една љубов – еден живот“ (распоред)

Утре започнува со реализација мега проект на Вардар, зимскиот турнир „Една љубов – еден живот“ (распоред)

Од утре, сабота, започнува најмасовниот ракометен турнир во Македонија. Веќе трета година по ред на програмата ќе биде турнирот под наслов „Еден живот – една љубов“. На овој турнир кој го организира РК Вардар, ќе присуствуваат над дури 1200 членови од повеќе градови од нашата земја. Ретко кој може клуб во Европа може да помисли, а камо ли да реализира голем турнир на кој ќе се појават над 1200 дечиња во различни категории, во машка и женска конкуренција.

kkl

Вардар има над дваесет регионални школи низ земјава и сите нив ќе ги спои во еден голем настан, зимскиот турнир „Вардар-Една љубов – еден живот“. Масовноста на овој проект бараше голема инфраструктура, па затоа во два викенда во дури пет различни сали ќе се одигра овој најголем црвено-црн настан во нашето семејство воопшто одржан. Ова е веќе трета година по ред како  ќе се одржува најголемиот ракометен турнир во Македонија „Една љубов – еден живот” . Истиот е во целосна  организација на Ракометната академија Вардар. Овој  викенд е резервиран за 40 екипи во машка и женска категорија. Во Скопје ќе собираат момчињата и девојките од две старосни категории – 2000/2001 и 2002/2003. Според распоредот во салите во спортскиот центар „Јане Сандански” ќе ги видиме момчињата и девојките од категоријата 2000/2001, додека девојките од 2002/2003 годиште ќе играат во салата на ОУ „Круме Кепески”, а момчињата во салата во спортскиот центар Кале.

kk

Распоред за генерација 2000/2001 машки: generacija_20002001_mashki.pdf
Распоред за генерација 2002/2003 машки: generacija_20022003_mashki.pdf
Распоред за генерација 2000/2001 женски: generacija_20002001_zhenski.pdf
Распоред за генерација 2002/2003 женски: generacija_20022003_zhenski.pdf