Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и младинците на РК Вардар на меѓународни турнири
Пионерите и младинците на РК Вардар на меѓународни турнири

Пионерите и младинците на РК Вардар на меѓународни турнири

Пионерите и младинците на РК Вардар, предводени од своите тренери Кристијан Грчевски и Слободан Чивлачки на почетокот на идниот месец ќе учествуваат на меѓународни силни турнири. Турниор во Загреб ќе се одржи од 1 до 4 септември, а на него ќе учествуваат деца родени од 2000, 2002 и 2004 година. Нашиот тим ќе учествува со екипа составена од играчи родени 2002/2003 година.

На турнирот во Сараево (2-4 септември) покрај нашите кадети ќе учествуваат и: Извиѓач (Бих), селекција на градот Сараево (Бих), Босна (Бих), ПИК Сегед (Унгарија), Академија Балиќ-Метличиќ (Хрватска), Црвена Звезда (Србија) и Целје (Словенија). Очекуваме ова да биде еден интересен турнир и пред се големо искуство за нашите играчи.