На клупата на црвено-црниот машки ракометен колектив останува шпанското дуо Раул Гонзалез Гутиерез и Давид Дејвис Камара и во следните две сезони. Се разбира како и досега Гонзалес останува како главен тренер, а пак Дејвис Камара останува негов помошник. Тие продолжуваат на своите функции на кои беа и претходните три сезони.
Според информациите од клубот они и двајцата тренери и официјално ја потврдија соработката за во иднина, и сега ќе се фокусираат на обврските што им претстојат, на четирите фронта, ЕХФ Лигата на шампионите, СЕХА Газпром лигата, домашното првенство и Купот на Република Македонија. Заедно на клупата на Вардар тие со екипата трипати беа победници на Купот на Македонија, двапати шампиони, еднаш ја освоија СЕХА Газпром лигата, еднаш беа финалисти, а трипати стигнуваа до четврт-финалето на лигата на шампионите. Лани Дејвис помагаше и во женската екипа на Вардар, имаше убава серија од пет победи по ред во пролетниот дел од сезоната, и стигна до Ф4 турнирот во Будимпешта каде го освои бронзениот медал.