Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Белорусинката Дијана Илина ново, петто засилување за ЖРК Вардар
Белорусинката Дијана Илина ново, петто засилување за ЖРК Вардар

Белорусинката Дијана Илина ново, петто засилување за ЖРК Вардар

За утре е закажан   почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона на ЖРК Вардар. На истиот  првпат ќе се појави  средниот бек Дијана Илина од Белорусија, таа е ново засилување и ќе биде дел од црвено-црните во следните три сезони. Илина е петто засилување сезонава , таа има 20 години и е репрезентативка на Белорусија од својата 17 година. Последен тим во кој играше лани , е првакот на  Белорусија ,Гомељ и сезоната ја заврши со титула во Белорусија и во Балтичката регионална лига. Има интернационална кариера со тимот на Астраханочка во Русија, каде настапуваше во есенскиот дел од ланската сезона. Потоа се врати во Гомељ.Во сезоната 2014/2015 за Астраханочка даде и 13 гол во ЕХФ купот. Тогаш го освои и третото место во првенството на Русија. Две сезони, од 2012 до 2014 играше во Гомељ, Белорусија по што следеше трансфер во Астраханочка. Од 2013 година настапува и за сениорската репрезентација на Белорусија. Новото засилување за официјалниот сајт вели:

Со трансферот во Вардар сакам да преминам на нов стил во играта. За ваква понуда и трансфер, да бидеш во друштво на вакви играчи како што сега има Вардар е сон на секого. Многу сум среќна поради ваквата промена во мојата кариера. Очекувам многу добри работи во иднина во мојата игра и развој како играч. Сакам да преминам на повисоко ниво и да го почувствувам овој квалитет на играта. Ќе се трудам да дадам максимум во сето тоа.