Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Петранка Петревска- Настапот од есен на нашата школа во “Јуниор лигата“ е шанса за напредок и усовршување
Петранка Петревска- Настапот од есен на нашата школа во “Јуниор лигата“ е шанса за напредок и усовршување

Петранка Петревска- Настапот од есен на нашата школа во “Јуниор лигата“ е шанса за напредок и усовршување

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, се дел од истата. Од оваа есен уште една школа регионална на Вардар која е спонзорирана и досега од нашиот тим ќе “зачекори“ во Јуниор лигата. Станува збор за Ракометна Академија “Вардар-ДБ“ која фунционира во Кавадарци. Вардар фанс како неуморен подржувач на најмалите во продолжение ви носи кратко инервју со еден нивни истакнат член голманката Петранка Петревска.

1. Од кога се занимаваш со ракомет, која генерација си, од кај љубовта за овој спорт ?

-Јас сум 2003 генерација и ракомет почнав да тренирам пред скоро една година во екипата на Ракометна Академија “Вардар-ДБ”. Љубовта кон ракометот ја добив кога имав девет години, кога за прв пат отидов да гледам ракомет во СЦ “Борис трајковски “ каде играше нашиот ЖРК Вардар против Митиланд.

2. Во кој клуб тренираш кои се твојте тренери?

-Тренирам во Ракометна Академија “Вардар-ДБ” од Кавадарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на моите тренери: Александар Темелковски, Борче Ѓорѓиев, Кире Петров и Петар Петров, за сето она нивно знање кое ми го покажаа, пренесоа и несебично го поделија со и мене, а и на останатите од тимот.

3. Вашата школа е дел од проектот за регионални школи на РК Вардар што значи за една екипа од внатрешноста да е дел од проекто со школите?

-Нависистина сме многу среќни што сме дел од тој проект кој нуди многу за школите како нашата. Тоа за нас е еден голем успех што сме дел од големото црвено-црно смејство и се надевам на напредок во иднина.

4. Следната сезона ке играте во Јуниор лигата што ке донесе за клубот и за тебе тоа, што знаеш ти за таа лига?

-Јас ракоментата Јуниор лигата ја гледам како еден голем предизвик, каде сите имаат можност за напредок и стекнување на нови знаења кои многу ќе ни помогнат, во нашиот понатамошен развој како идни ракометари. Таа дава прилика за напредување, тоа е неспорно.

5. Очекувања од есенската сезона во Јуниор лига како успех ќе “бркате“ ?

-Во вардаровата ракометна Јуниор лигата ќе се потрудиме да го покажеме она најдоброто од нас и да се обидеме да немаме ниту еден пораз. И се надевам дека ќе бидеме меѓу најдобрите тимови кои партиципираат во оваа лига во втората сезона од нејзиното постоње -изјави  Петревска за нашиот сајт.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ.