Вчера, Мешков Брест во меч од ЛШ, славеше кај Мотор Запорожје со 33-36, продолжувајќи си го сонот за пласман во следната рунда и тоа атакувајќи на местото на Вардар.Ситуацијата сега не ни оди во прилог па ние имаме девет бода тие имаат шест, а до крајот од групната фаза во “игра“ се уште шест можни бода.
Па така ние треба веќе на првиот дуел на кој реално сме фаворити со тимот на Мотор Запорожје, да дојдеме до “цел плен“. Потребна е поддршка од трибините, картите се во продажба веќе една седмица.
Продажбата ќе се врши онлајн преку www.ticketplus.mk, а од 10 февруари 2020 и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
https://ticketplus.mk/SingleEvent/Index/461
Натпреварот Вардар – Мотор е закажан за 15 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански” 17,30 часот.
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мотор се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk