Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пола деценија заедно! Пет години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата

Пола деценија заедно! Пет години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата

84745017_1401964829975309_3827748663208181760_n

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт започна активно да функционира на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно пет години, во 2015 на овој ден започнавме официјално да ги промовираме нашите статии до нашите читатели. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас нешто над 21.000 текстови за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред пет години, се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме. Се обврзавме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, двата кошаркарски, кугларскиот, боречкиот, атлетичарскиот, пинг-понгарскиот, ватерполо тимот, па  се до сите детски категории на вардаровата школа.

Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци кои доаѓаат, на кој им останува иднината. Нашата мисија е за промоција на светото име “Вардар“, нашата желба е секоја црвено-црна “клетка“ да биде следена и да се известува за неа. На нашите читатели чии број рапидно расте од ден на ден, им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.
*Само на официјалната ФБ-страница сме околу 26.000 љубители на црвено-црните бои..

Ви благодариме, спортски поздрав ваш Вардар фанс.мк