Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металург го победи Вардар на стартот од плеј-офот во Супер лигата

Металург го победи Вардар на стартот од плеј-офот во Супер лигата

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се одигра дербито во супер лигата, помеѓу екипите на Металург и Вардар.

Натпреварот започна со одбрана и Арпад Штербик и гол на Стоилов за отварање на резултатот. Во шесттата минута од натпреварот, екипата од Автокоманда имаше прво водство од 3:2. Се играше доста цврсто на двете страни пред се во одбраната. Со погодоците на Марсениќ и Чупиќ ја враќаме предноста, но Металург сврзува два гола во серија и по 12 минути игра имаше водство од 5:4. Постојано се играше гол за гол на двете страни и ниту една од екипите не успеа да има предност поголема од еден гол. Ние на голот го имавме Штербик, додека на спортивната страна одличен беше и Томовски. Понесени од домашната публика во 24 минута, екипата на Металург за прв пат прави предност од 12:10. Неколку наши грешки не чинат негатива, која остана и до крајот на првото полувреме. Најпрво противникот имаше можност да зголеми на плус три гола, но беше погодена пречката од голот на Вардар, за ние во следниот напад да погодиме и намалиме на 13:12. Црвено-црните можеа и да стигнат до израмнување, но поради една грешка во додавањето му овозможивме чиста позиција на Металург за предност од 15:13. Овој резултат беше и актуелен по истекот на првите 30 минути.

Вториот дел започна со гол на Обрадовиќ од седум метри за зголемување на 16:13. Имаше Металург и водство од 17.15, но Вардарци не дозволија одлепување и во 37 минута со голот на Македа израмнуваме на 17:17. Домашниот тим постојано беше во позитива и уште еднаш од 19:17, но секој пат црвено-црните имаа одговор и израмнија на 19:19. Во 44 минута со голот на Циндриќ по подолго време имаме водство од 20:21. Сепак неможеме никако да фатиме ритам и дозволуваме на Металург да направи серија од 4:0 и да поведе со 24:21. Серијата од пет минути без постигнат гол ја прекинува Карачиќ за намалување на 24:22. На пет минути пред крајот Гуглета му носи водство на Металург од 26:23. Карачиќ е единствен наш игра кој не дозволува Метгалург да побегне на поголема предност. На крајот Металург слави со резултат 29:26.

Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со 6 голови. Во следното коло црвено-црните ќе играат против Еурофарм Работник.