Михајло Михајловски, долгогодишниот прв човек на РК Вардар, а сега почесен претседател на клубот, не го остава тимот во никој случај.
„Вардар Фанс” дознава дека Михајловски ќе тргне на пат за Келн, каде ќе биде дополнителен мотив за вардаровите ракометари на саботната пресметка со екипата на Барселона.
Михајло Михајловски освен што ќе биде присутен на натпреварот во сабота, од него очекуваме и конкретни вести во текот на овие неколку дена за иднината на РК Вардар.
Од друга страна, сеуште не е познато дали Сергеј Самсоненко ќе биде присутен на завршниот турнир.