Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мислеа дека само собираат искуство, но ги демантираа! Пионерките како лидери обезбедија кадетски Ф-4, победа над РК Илинден за крај
Мислеа дека само собираат искуство, но ги демантираа! Пионерките како лидери обезбедија кадетски Ф-4, победа над РК Илинден за крај

Мислеа дека само собираат искуство, но ги демантираа! Пионерките како лидери обезбедија кадетски Ф-4, победа над РК Илинден за крај

Пионерките на ЖРК Вардар од претходно имаа “визиран“ пласман на Ф-4 турнирот во повозрасната категорија. Тие денес на дуел од последното 18.коло во кадетската лига го пречекаа тимот на РК Илинден. Лесно го исконтролираа дуелот и дојдоа до победа со девет гола.

Многумина мислеа дека во кадетската лига овој тим ќе настапи само за да собере искуство, сепак храбрите девојки немислеја исто, одигаа пеколно и дојда до Ф-4 како лидери. Тие оваа пролет победија на  секој одигран кадетски натпревар, односно на седум дуели дојдоа доа 21.бод. 

Првиот дел започна со доминација на црвено-црните дами кои отворија со 4-1. Се играше гол за гол на двете страни, во последната треттина од првиот дел влеговме со само два гола предност. На семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 8-6 за избраничките на Платон и Папуџиева. Далеку подобри бевме во последните минути на два гола на ривалот одговоривме со двојна мерка па на пауза заминавме со четири гола повеќе. На полувреме водевме со резултат 12-8.
Вториот период отворивме идентично како и првиот со доминација, набрзина со серија 4-0 ја удвоивме предноста. По само неколку минути водевме со високи осум гола, односно беше 16-8. Ние го контролиравме мечот, успеавме со двоцифена предност да влеземе во финишот на истиот, поведувајќи со 22-12. Оваа средба ја добивме со резултат 23-14.

Кај нас крилото Ива Ангеловска имаше 5 гола таа беше најефикасна на оваа средба, Тошевска Магдалена имаше гол помалку односно 4 погодоци, две девојки стрелаа по три пати: Крагељ Мила и Андоновска Зорица.