Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар пристигна во Келн!!
Вардар пристигна во Келн!!

Вардар пристигна во Келн!!

Ракометарите на Вардар конечно пристигнаа во Келн! Потешко од очекувањата, “црвено – црните” иако безбедно слетаа во Виена по летот од Скопје, сепак, им се одложи летот до Келн, па мораа да патуваат со авион до Дизелдорф, а од овој град со автобус до Келн, некаде околу 40 километри.

Сепак се заврши добро по нашиот тим, па веќе Вардарци се упатуваат кон своите соби, каде ќе одморат по напорниот ден, а веќе утре ќе го имаат главниот тренинг пред дуелот со Барса во сабота.

Исто така утре тимот од Скопје ќе се појави на прес – конференција, каде дел од играчите и Парондо ќе даваат изјави за медиумите.

Им посакуваме мирна ноќ на нашите ракометари и добар одмор пред напорните денови кои им престојат.