Кој би рекол дека поранешниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ ќе го бодри Вардар во Сегедин и тоа не од било каде туку од трибината каде беа нашите најжешки навивачи.
Голманот во текот на сите 60. минути со нетрпение гледаше, а во голем дел од нападите на нашиот тим знаеше и лудо да прослави по даден гол. По натпреварот, Џамбо замина и во соблекувалната на “црвено – црните” каде прослави и заедно со целиот тим и стручен штаб.
Со овој потег, Милиќ покажа уште еднаш дека има вардарово срце, иако веќе не е дел од тимот!