Еден од најдобрите поединци на вчерашниот натпреварот беше средниот бек на Вардар Сташ Скубе, кој имаше и посебни мотиви против својот поранешен тим, односно кон неговиот поранешен тренер Хуан Карлос Пастор. Скубе на прес – конференцијата по натпреварот во лутина кажа како неговиот поранешен тренер го избркал од тимот.
„Минав убави две години во Пик Сегед, лани се радувавме и на титулата, но следуваше шок за мене. Пастор со тој негов потег го покажа својот карактер. Имено во јуни кога заврши сезоната преку „скајп“ ми рече или да си одам или ќе бидам на трибини. Е па сега тој во Келн ќе биде на трибини а јас ќе играм на Ф4. Јас и на пресот му кажав што мислам за него, за тоа каков човек е Пастор“ рече Скубе.