Пионерките на ЖРК Вардар предводени од Анжела Платон и Марија Папуџиева во својата група “газеа“ се пред себе. Сезоната ја завшија со 10 победи од исто толку мечеви па обезбедија пласман на Ф-4 завршниот турнир. Истиот ќе се одигра во Делчево, во сабота на 11.мај.
Покрај нас пласирани се домаќинот РК Делчево Вардар и тимовите од другата група ЖРК Стружанка и ЖРК Сани од Охрид. Ние во полуфиналето сме голем фавориот против ЖРК Сани, големи се шансите за пласман во финалето каде очекувано е да однесеме пехар. Распоредот на полуфиналињата и мечевите за “злато“ и “бронза“ погледнете ги во продолжение: