Ракометниот сојуз на Србија ги прогласи најдобрите за 2019 година. Голманот кој својот блесок го достигна во Вардар, Дејан Милосављев, го понесе признанието за најдобар ракометар на Србија во изминатата година во која со Вардар ја освои Лигата на Шампионите.
Милосављев кој од Партизан премина во Вардар, имаше значајна улога во освојување на втората Европска титула за црвено-црните. Тој оваа сезона е дел од екипата на Фуксе Берлин, а поради оперативниот зафат коленото, српскиот чувар на мрежата ќе го пропушти ЕП.
Милосављев истава награда ја освои и минатата година, кога исто така беше прогласен за најдобар играч.