Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само Шего и Жерард подобри од Милосављев, по бројот на одбранети удари во првите две кола од ЛШ
Само Шего и Жерард подобри од Милосављев, по бројот на одбранети удари во првите две кола од ЛШ

Само Шего и Жерард подобри од Милосављев, по бројот на одбранети удари во првите две кола од ЛШ

Пред нас се две одиграни кола во рамките на најсилните групи од Лигата на Шампионитге. Вардар одлично ја стартуваше новата сезона и на стартот веќе има две победи. Што се однесува до голманските одбрани, новиот чувар на мрежата на Вардар, Дејан Милосављев може да се пофали со податокот дека се наоѓа на третото место според бројот на одбранети удари. Милосављев има вкупно 24 одбрани на двата натпревари, на првиот против Монпелје имаше 15 интервенции, додека на мечот против Кристијанштад забележа 9 одбрани.

Подобри од нашиот голман, после првите две одиграни кола се голманот на Пик Сегед, Марин Шего кој има вкупно 28 одбрани и Винсент Жерард од Монпелје кој на двата меча собра вкупно 25 одбрани.

Вака изгледа листата на голмани, според бројот на одбранети удари, после првите две кола во најсилните групи:

1. Шего ( Пик Сегед) – 28

2. Жерард ( Монпелје) – 25

3. Милосављев ( Вардар) – 24

4. Апелгрен ( Рајн-Некар) – 24

5. Ферлин ( Целје) – 19

6. Коралес ( ПСЖ), Пешиќ ( Брес Мешков), Кастелиќ ( Загреб) по 17 одбрани

7. Штербик ( Веспрем), Киреев ( Мотор З.) Сиферт ( Нант) – 15

8. Нилсен и Густавсон ( Скјерн), Варгас ( Барселона), Омејер ( Монпелје), Буриќ ( Фленсбург) по 12 одбрани.