Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Со Вардар ќе биде многу тешко, таму минав убави денови
Штербик: Со Вардар ќе биде многу тешко, таму минав убави денови

Штербик: Со Вардар ќе биде многу тешко, таму минав убави денови

Пред нас е саботниот натпревар од Л.Ш на кој во Унгарија се среќаваат домаќинот Веспрем и нашиот РК Вардар. Дуелот во сабота е закажан да започне со почеток од 17 часот и 30 минути. На истиот на голот на унгарскиот вицепрвак ќе биде поранешниот вардаров голман кој ова лето мина во Веспрем, Арпад Штербик. Херојот на вардарци од изминатите години, човекот кој остави неизбришлива трага во црвено-црниот тим дава видување за дуелот.

-Минав четири прекрасни години во Скопје,  настапував што можам  најдобро на Вардар,  дадов максимумот. По освојувањето на титулата во ЛШ станавме национални херои, токму затоа нема да им биде лесно на моите некогашни соиграчи, Тренерот Раул Гонзалез замина во ПСЖ, сега прв тренер е Парондо. Добро го познавам, тој беше клучен играч во Пик Сегед, а сега во тимот има двајца играчи од таму. Не би рекол дека Вардар е ослабен. Мора сите да одиграме многу подобро од дуелот со Барселона. Не би сакал да се повтори истиот меч и против Вардар- вели Арпад Шербик.