Викендов на програмата во машкита Супер лига е треттото коло, во истото младиот тим на Вардар Јуниор ќе биде домаќин. Ние во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ ќе ја пречекаме екипата на РК Прилеп 2010 од истоимениот град. Натпреварот е закажан за утре, сабота, 29.септември со почеток во 16-30 часот.
По одиграните први две кола имаме половичен успех, една победа на домашен терен со Радовиш и пораз во Струга во натпревар од 2.коло. На утрешниот дуел ракометната првда ќе ја делат Начевски Виктор ( Скопје) и Божиновски Даниело (Битола)