Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Три младински екипи на РК Вардар ќе бидат активни во претстојниов викенд
Три младински екипи на РК Вардар ќе бидат активни во претстојниов викенд

Три младински екипи на РК Вардар ќе бидат активни во претстојниов викенд

Претстојниов викенд активни со натпревари ќе бидат младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

Пионерките предводени од Анжела Платон ќе се обидат да стигнат до четвртата последователна победа во рамките на групата 1 од пионерската лига. Во недела во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, вардарки ќе бидат домаќини на екипата на ГРК Гостивар, меч кој ќе стартува од 14:30 часот.

Натпревар во рамките на 5.коло од групата 2 на кадетската лига ќе одиграат и кадетките на Вардар. Тие во сабота ќе гостуваат на екипата на Макаслоски, дуел кој ќе стартува од 12:30 часот.

Активни ќе бидат и кадетите на Вардар, кои ќе атакуваат на петтиот триумф во новата сезона. Избраниците на Будимир во сабота ќе гостуваат на екипата на Драчево, натпревар кој ќе се одигра во сабота, со почеток од 16:00 часот во спортската сала “Круме Кепески„.