Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев: Сите веруваат во Сергеј, во Вардар не може да се чека на поединци!
Милосављев: Сите веруваат во Сергеј, во Вардар не може да се чека на поединци!

Милосављев: Сите веруваат во Сергеј, во Вардар не може да се чека на поединци!

Дејан Милосављев во интервју за „Балкан хендбол“ говореше на многу теми, а меѓу нив беше секако и Вардар. Одличниот голман изјави дека сите му веруваат на Сергеј Самсоненко, но дека он не го познавал добро бидејќи бил само една година во Скопје. Милосављев вели дека мора да му се даде поддршка на Вардар и дека не може да се чека на поединци.

„Не само што ја пратам ситуацијата, во контакт сме и зборуваме телефонски со играчите на Вардар. Од она што знам е дека сите веруваат во Сергеј Самсоненко, кој е долго време во клубот. Речиси сите му се верни, затоа што соработуваат долго. Јас бев една година таму, не го познавам толку многу добро, но другите играчи се оптимисти и сите чекаат. Мора да му се даде поддршка на Вардар, не може да се чека на поединци. Вардар не смее да згасне. Мислам дека ќе се најде начин да се среди, ако не на врвно ниво, барем клубот да биде на она на Загреб и Целје. Не смее таков клуб да исчезне“, рече Милосављев.

- Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.