Иако не се комплетирани сите четврт-финални натпревари, медија тимот на СЕХА-лигата го прогласи најдобриот тим за месец март. Во него, место имаше за еден играч од редовите на Вардар, се работи за Тимур Дибиров. Руското крило одигра одличен меч во минималната победа против Нексе, постигнувајќи 12 голови од исто толку обиди, па заслужено доби место во најдобриот тим.
Вака изгледа идеалниот тим во СЕХА, за месец март:
Голман – Матеј Ашанин ( ППД Загреб)
Лево крило – Тимур Дибиров ( Вардар)
Пикер – Ратко Стојковиќ ( Војводина)
Десно крило – Драган Гајиќ ( Веспрем)
Лев бек – Милош Божовиќ ( ППД Загреб)
Среден бек – Педро Пачеко ( Татран Прешов)
Десен бек – Микита Ваилупов ( Брест Мешков)
Тренер: Веселин Вујовиќ ( ППД Загреб)