Дејан Милосављев за прв пат во својата ракометна кариера ќе се најде на еден завршен турнир. Големиот адут помеѓу стативите на „црвено – црните” уште еднаш потврди дека е полн со самодоверба во себе и повторно истакна мотивирачка порака до сите ракометари и јавноста.
Популарниот „Банда“ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која пишува: „Ништо не е невозможно”.