Од ЕХФ ги објавија термините на одигрување на полуфиналните натпревари на завршниот турнир во Келн.
Вардар и Барселона ќе играат во второто полуфинале, на 1.јуни со почеток од 18:00 часот, додека во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Киелце, во терминот од 15:15 часот.
Во истите термини, следниот ден, ќе биде одиграно големото финале, како и борбата за третото место. Ова е трето учество на црвено-црните на завршниот турнир во Келн, пред две години Вардар ја освои Европската титула, додека минатата сезона го освоивме четвртото место.