Вардар го победи Татран (29:24) и ги зголеми шансите за прво место во својата група од СЕХА-лигата. Црвено-црните го контролираа натпреварот и на крајот стигнаа до заслужена победа. Впечатоците од победата ги сподели играчот на Вардар, Марко Мишевски, кој го изјави следново:
„Честитки до Татран за борбеноста. Во овој натпревар одигравме добра одбрана и организиран напад, а тука помогна и голманот Томовски. Самодовербата сега се крева, па сметам дека ќе бидеме сè подобри во следниот период. Ќе го дадеме максимумот на последниот натпревар против Партизан на гости, ќе биде тешко. Се надевам дека со добро издание ќе извојуваме победа“