Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Даниел Митевски: “Јуниор„ лигата ми даде можност да бидам дел од младинскиот состав на РК Вардар
Даниел Митевски: “Јуниор„ лигата ми даде можност да бидам дел од младинскиот состав на РК Вардар

Даниел Митевски: “Јуниор„ лигата ми даде можност да бидам дел од младинскиот состав на РК Вардар

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Во следниов наш текст ве запознаваме со Даниел Митевски, кој во новата сезона ќе биде дел од младинскиот состав на РК Вардар. Претходните две сезони настапуваше за РК Шампион кај генерација родени 2000/01 година, кои се натпреваруваа во “Јуниор„ лигата. Токму ова натпреварување значеше чекор понапред за овој млад ракометар кој игра на позицијата лев бек.

1. Од каде желбата да се занимавате со ракомет и дали овој спорт беше ваша прва желба ?

-Ракометот од секогаш ми бил омилен спорт, но првите почетоци во спортот ми беа во каратето. Подолго време тренирав карате, но како растев желбата да тренирам ракомет растеше.

2. На колку години започнавте да играте ракомет и во која школа беа вашите први почетоци со овој спорт ?

-На 14 години почнав во РК Кромак во Тетово а по кратко време се префрлив во Ракометната Академија Андријана Будимир.

vardarfans-daniel-mitevski

3. Имавте можност две години да се натпреварувате во “Јуниор„ лигата. Какво е вашето мислење за овој проект на РК Вардар ?

-Вардар Јуниор лигата мене ми значи многу бидејќи се стекнав со големо искуство, запознав нови другари и мислам дека многу напреднав, со што добив можност да бидам дел од младинскиот состав на РК Вардар. Таму можеме најмногу да го покажеме нашиот талент, колку ние најдобро можеме да изиграме. Секоја нова утакмица беше ново доживување, нов предизвик кој треба да се совлада.

4. Што беше  она највпечатливото на натпреварите од “Јуниор“ лигата ?

-Највпечатливо во оваа лига е тоа што покрај добивањето на поголемо искуство, се буди желба за постигнување што поголема жар во играта бидејќи најдобрите од нас можат да бидат забележани на селекцијата која исто така е дел од овој проект.

21013636_1395258310588325_234793189_n

5. Кој ви ја соопшти веста дека следната сезона ќе играте за младинците на Вардар и дали го очекувате овој повик ?

-Веста дека ќе бидем дел од младинскиот тим на РК Вардар ми ја соопшти мојот тренер Слободан Чивчачки. Јас го очекував тој повик со оглед на успехот што го постигнав. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба и ќе допринесам за добри резултати на мојот нов тим.

6. Кои се вашите очекувања во црвено-црниот дрес во новата натпреварувачка сезона ?

-Очекувам да бидеме најдобри и да ја освоиме младинската лига. Од Вардар секогаш се очекуват само победи и да биде на врвот во секоја генерација. Сигурно дека нема да биде лесно но ние ќе даваме максмум на секој натпревар да покажеме дека сме најголеми претеденти за освојување на лигата.

Звонко Ивановски